Приведени крадци од Радовиш фатени на дело

Лисици
Апсење / Фото: МИА
Полицијата ги лиши од слобода Ш.Б.(21), А.Б.(32), О.К.(28) и уште едно малолетно лице, сите од Радовиш, кои биле затекнати при вршење кражба на подрачје на Радовиш, а кај нив биле пронајдени и предмети, информира Министерството за внатрешни работи.
Лицата се задржани во полициска станица и во текот на денешниот ден со нив ќе бидат извршени службени разговори, поради сомнение дека се сторители и на други кривични дела тешки кражби и кражби, извршени во претходниот период на подрачјето на Радовиш.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот