Приведени две лица поради прекршување на полициски час во Тетово

Тетово/ Фото: МИА

Приведен е еден тетовчанец и еден скопјанец.

Полицијата во Тетово ноќеска привела две лица поради прекршување на полицискиот час во период од 22 часот до 5 часот утринава. Приведен е еден тетовчанец и еден скопјанец.

– Тетовец на возраст од 27 години со возило „Фолксфаген Голф” со тетовски регистарски ознаки бил запрен во 22 часот и 50 минути  на улица „Маршал Тито” во  Тетово. Вториот, скопјанец на возраст од 44 години, бил лишен од слобода во 22 часот и 30 минути на улица „Страшо Пинџур” во Тетово. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по расчистување и документирање на случаите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик за непостапување според здравствени прописи за враме на епидемија, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за неносење заштитни маски на 60 лица им се дадени прекршочни платни налози, согласно член 6  од соодветната владина Уредба. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот