Приведени две лица осомничени за кражба во продажен објект во Куманово

Полиција / Фото: МВР

Полициски службеници од СВР Куманово ноќеска 10 минути по полноќ ги лишиле од слобода Н.Д.(35) и К.А.(27), двајцата од Куманово, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба” во продажен објект.

Како што соопшти МВР, при нивен личен преглед и при претрес во домот на Н.Д., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари и разни предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

Предметите и парите биле вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот