Приведени две лица од Штип фатени како крадат

Како што информираат од МВР по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од Штип вчера ги лишиле од слобода Т.М.(28) и Н.А.(19), затоа што околу 23.35 часот на улицата „Борис Крајгер” во градот биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба” од градежен објект.

Од страна на полициски службеници биле одземени украдените предмети и ќе бидат вратени на оштетеното лице.

По целосно документирање на случајот, против Т.М. и Н.А. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот