Приведени две лица кои барале пари од девојка за да не објават компромитирачки содржини

Денеска (09.11.2020) по добиена пријава од 19-годишна девојка дека била уценувана од две лица да им даде пари за да не објават компромитирачки содржини за неа, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа А.С. (19) и Е.Н. (23) поради сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од КЗ.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, по што веднаш се приведени А.С. и Е.Н. и кај нив се пронајдени докази за стореното кривично дело. Против нив до надлежното обвинителство ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот