Приведени две лица во Гостиварско, пронајдена дрога

Лице со лисици на рацете / фото: Слободен печат, архива

Полициски службеници од Oдделението за внатрешни работи Гостивар, вчера во село Балиндол, Гостиварско, ги лишиле од слобода А.К. (40) од с. Леуново, општина Маврово и Ростуше и А.Ј.(21) од Гостивар, информираат од МВР.

– При преглед во патничко возило „опел астра”, сопственост на А.К., во кое бил и А.Ј. биле пронајдени и одземени хероин и таблети. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.

Видео на денот