Приведени две лица, од струмичанец изнудиле 20.000 евра заканувајќи му се со пиштол

Апсење
Полициско апсење / Фото ЕПА

СВР Струмица, заедно со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација со полициски службеници од СВР Скопје, по преземени мерки и активности, ги лиши од слобода И.Ј.(40) од Струмица и Ф.С.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда”.

Како што информира МВР, на 9-ти овој месец А.Т. од Струмица пријавил дека во изминатата година осомничените И.Ј. и Ф.С. во повеќе наврати со вербални закани и со закана со пиштол од него успеале да изнудат околу 20.000 евра.

Од страна на СВР Струмица до ОЈО Струмица против двете лица е поднесена кривична пријава. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот