Приведени двајца угостители поради прекршување на протоколите за работа при епидемија

Македонска полиција/ Фото: Миа

При ноќешната акција за контрола на угостителски објекти заедно со Државен пазарен инспекторат тетовската полиција привела двајца сопственици на локали во Копачин дол, општина Желино.

Нивните локали работеле после дозволеното работно време и спротивно на новите протоколи за работа на угостителските објекти.

-Околу 22 часот и 50 минути во тетовски Копачиндол, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.Р.(32) од ова село за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”. Н.Р. бил задржан во Полициската станица. За истото дело приведен и е Л.С.(30). Двајцата биле задржани за расчистување и документирање на случаите и ќе добијат соодветни поднесоци, информираат од СВР Тетово.

Инаку извршена е контрола на 18 угостителски објекти во општините Тетово, Желино и Јегуновце.

Во изминатото деноноќие при конторла на мерктие за спречување на епидемијата, за неносење заштитни маски на 119 луѓе изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6  од соодветната владина Уредба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот