Приведени двајца скопјани за превезување шест мигранти од Куба

Мигранти / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Полицијата вчера открила шест мигранти од Куба, илегално влезени во државата, и привела двајца скопјани кои ги превезувале со автомобили.

Министерството за внатрешни работи денеска во дневниот билтен информира дека синоќа во 22 и 22.20 часот кај наплатна рампа „Демир Капија”, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово” ги привела А.Ш.(26) и С.С.(51), двајцата од Скопје, кои управувале патнички моторни возила „бмв” и „мерцедес” со скопски регистарски ознаки и во нив ги превезувале шестемина мигранти од Куба.

– За настанот бил известен јавен обвинител. Приведените биле предадени на полициски службеници од ОВР Неготино, а на лицата мигранти им биле издадени решенија за протерување и биле спроведени до граничен премин „Табановце”, информира МВР.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот