Приведени двајца во тетовско, нападнале човек во селото Брвеница

Македонска полиција/ Фото: МИА

Тетовската полиција лишила од слобода двајца жители на Долно Палчиште кои во Брвеница нападнале жител на селото Селце Кеч. Според пријавата еден од напаѓачите употребил и дрвен предмет.

-Во 15 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Л. Л. (63) и С. Л. (30) од тетовско Горно Палчиште, кои околу 13 часот во тетовска Брвеница физички го нападнале 40-годишниот И. С. од тетовско Селце-Кеч, а поради меѓусебни недоразбирања. Едниот од напаѓачите, според пријавеното, употребил и дрвен предмет, кој подоцна е пронајден и одземен. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против двајцата пријавени ќе следуваат соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на вчерашниот ден, полицијата бележи уште една пријава за физички напад, а случајот се расчистува. Во 13 часот, С.М.(50) од тетовски Чифлик пријавил дека пред угостителски објект во селото физички бил нападнат од Л.С.(28) од истото село.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот