Приведени „диви тркачи“ од скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 10/11.07.2020 во времето од 19,00 до 03,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат “диви трки“ на подрачјето на Скопје.

Притоа санкционирани се осум возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци. Од нив тројца моторциклисти биле приведени во Полициската станица Карпош, а еден во Полициската станица Кисела Вода поради правење на бучавост над дозволената со нивното движење на моторциклите и поради неносење соодветна документација за истите.

Исто така и четири моторцикли ќе бидат однесени на технички преглед за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот