Приведени четворица кичевци кои не го почитувале полицискиот час

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Изминатово деноноќие, во периодот од 19 часот на 10 април до 7 часот на 11 април, четири лица во Кичево не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот, информира портпаролот Стефан Димоски.

Тој објасни дека тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Во истиот период, не се регистрирани собирања на граѓани, кражби и сообраќајни незгоди.

Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација.

Извршени се 24 контроли на лицата кои веќе се во изолација, од кои три во Кичево. Евидентирани се 69 нови лица во самоизолација, во Кичево седум. Извршени се 287 контроли врз овие лица во изолација, на тројца во Кичево.

Полициските службеници извршија 42 контроли на угостителски објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот