Приведени четири лица за поседување кокаин

Полициски службеник / Фото: Архива

Тетовската полиција ноќеска приведе четири лица, сите до 30 години, поради поседување кокаин кај нив додека им бил извршен претрес. Двајца биле најдени во Жеровјане, додека уште двајца во Боговиње.

– Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, ноќеска околу 01.45 часот, во тетовско Жеровјане ги лишиле од слобода 23-годишниот Х.Ј. и 29-годишниот Л.М. од Тетово. При нивен и преглед на возилото „Фолксфаген Пасат” со тетовски регистарски таблици, во кое се наоѓале, а кое било паркирано во близина на бензинска пумпа, пронајден и одземен е кокаин. Околу 04.25 часот, во тетовско Боговиње запрено е патничко возило „БМВ” со швајцарски регистарски ознаки, што го управувал 30-годишниот Е.Х, а во кое се наоѓал и 29-годишниот А.Ш, двајцата од гостиварското село Добридол. При преглед, извршен од полициските службеници на СВР Тетово, пронајден им е кокаин, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Сите четири лица се задржани во Полициската станица Тетово. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот