Приведени четири лица од Скопје за шверц на стока и царинска измама 

Вчера во 15 часот на ул.„69″, во близина на Железничката станица Скопје, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода Џ.А.(43), А.Б.(32), Р.Р.(55) и Г.Б.(44), сите од Скопје, бидејќи кај нив била пронајдена поголема количина разновидни производи без соодветна документација. Тие биле приведени поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама”. По целосното документирање на случајот против нив ќе следи соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот