Приведени 20 странци кои нелегално работеле на градежни објекти

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север и СВР Скопје приведоа 20 странски државјани што го злоупотребиле туристичкиот престој и во Скопје незаконски и непријавено извршувале работи на градежни објекти.

Во централното градско подрачје, соопшти денеска МВР, на градежен објект лоциран меѓу ул. „Ј.Мијалков” и ул. „М.Х.Јасмин”, каде изведувачи на градежни работи биле неколку правни лица биле откриени: 11 државјани на Косово, по четворица државјани на Албанија и на Турција, како и еден државјанин на Иран, кои нелегално работеле на објектите.

Лицата, странски државјани се приведени во ПС Центар и во ПС К.Вода за натамошна постапка.

Во консултација со Јавен обвинител, дополнително се преземаат активности за утврдување на одговорност на правните субјекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот