Приведена мајката од Гостивар што си го остави седуммесечното бебе само и дехидрирано

Вчера полицијата ја приведе 39 годишната Е.Ј од Гостивар, која минатата недела го остави седуммесечното бебе само и без грижа.
По пријава во полиција, тим од социјални работници минатата недела влегле во куќа во Гостивар и затекнале седуммесечно бебе во лоша здравствена состојба.
-Детето било оставено само и дехидрирано по што е пренесено во гостиварската болница и оттаму испратено за Скопје. Мајката има уште две деца, едно на осум и другото на 1,5 годишна возраст. Со оглед дека станува збор за нефункционално семејство, за децата е поведена постапка и во најскоро време тие ќе бидат сместени во згрижувачко семејство, наведуваат од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа.
Таа била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката, а од Центарот за социјална работа информираат дека на жената ќе и биде одземено родителското право.
Мајка од Гостивар си го оставила седуммесечното бебе само и дехидрирано