Приведена Австралијанка поради пречекорување на дозволениот туристички престој во државата

Полиција/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На граничниот премин „Меѓународен аеродром” во Скопје од полициски службеници ноќеска е приведена Н.Д.(29) од Австралија.

Како што информираат од МВР, по извршена пасошка контрола и проверка во службените евиденции било констатирано дека Н.Д. го има пречекорено дозволениот туристички престој во Република Северна Македонија.

-Лицето е предадено на полициски службеници од Одделението за странци и реадмисија – Скопје за понатамошна постапка, се наведува во соопштението на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот