Приведен жител на Пирок поради попречување на геодет во работа на терен

фото: Слободен печат, архива

Жител на тетовското село Пирок бил приведен од полицијата поради тоа што претходно попречувал 63 годишна жена која службено вршела геодетско мерење на имот во селото.

– Вчера во 11 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 69-годишниот М.И. од тетовски Пирок, кој се однесувал агресивно и ја спречувал 63-годишната Д.М. во извршување на службени дејствија околу геодетско мерење на имот во селото, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тој бил задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот