Приведен жител на Кавадарци- со трактор превезувал мигранти!

Жител на Кавадарци на трактор превезувал тројца мигранти, тој е приведен, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар „Винојуг“, информира МВР.

-На 26.07.2020 во 19.30 часот во Кавадарци, кај нова крстосница кај Градските гробишта, полициски службеници го лишиле од слобода Р.К.(58) од Кавадарци, поради тоа што во трактор „имт“, со велешки  регистарски ознаки, биле пронајдени три лица  мигранти – K.С.(22), J.З.(23) и 17-годишник, сите од Авганистан- стои во дневниот билтен на МВР.

За настанот се известени Јавен обвинител и Одделението за прекуграничен криминал, мигранти, странци и реадмисија при РЦ за ГР Југ.

Возачот Р.К. бил приведен во полициска станица, додека мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот