Приведен тетовец кој со возило удрил во возач чие возило било во дефект

Полиција сообраќај
Сообраќајна полиција /Фото: МИА

Тетовец на 47 години бил приведен синоќа околу 22 часот затоа што претходно во денот е пријавен дека удрил со возило во жител на Порој. Полицајците го нашле и привеле Ш.Е (47) на улицата 105 во Тетово.

– Околу 15 часот на улица Видое Смилевски-Бато во Тетово со Ш.Е. со неговото возило Фолксфаген Голф со тетовски регистарски ознаки, според пријавеното, го удрил 44-годишниот Б.М. од тетовски Порој. На удирањето му претходела нивна меѓусебна расправија околу возилото на Б.М., а кое поради дефект било оставено на коловоз и му го попречувало движењето на Ш.Е., информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Полицијата привремено го одзела возилото на тетовецот и работи на расчистување и документирање на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот