Приведен Тетовец кој се барал за издржување на 3,5 години затвор

Утрово е приведен 36 годишно лице од Тетово кој со наредба од суд се барал за издржување на три години и шест месеци затвор, информираа од тетовската полиција.

Тој бил приведен околу 8.30 часот на улицата Љуботенска.

-Полициски службеници од СВР Тетово го приведоа Л.Ц.(36) од Тетово, кој со наредба од Основниот суд Тетово се барал за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, по член 215 став 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, соопшти СВР Тетово.

Приведениот ќе биде спроведен во КПУ Затвор Идризово – Скопје за издржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот