Приведен тетовец кој агресивно се однесувал кон полицајци за време на полициски час

Фото: mia.mk

Жител на Тетово бил приведен од полицајци откако бил затекнат како го прекршува полицискиот час, а притоа агресивно се однесувал кон службениците на МВР.  Полицајците го затекнале вчера околу 23 часот на улицата „111″ во Тетово.

-Полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода 42-годишен тетовец, кој агресивно се однесувал и ги навредувал, а ја прекршил и забраната за движење. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци, инфомира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

За неносење на заштитни маски на 38 лица полициските службеници им изготвиле платни налози поради прекршување на владината уредба за заштита во време на пандемија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот