Приведен тетовец за фалсификување пари

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Полицијата од Тетово приведе жител на градот под обвинение дека пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 100 евра.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 15 септември во 22.10 часот на улица „Јане Сандански” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода тетовецот Б.К. (58) поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“.

На 14 септември 2021 околу 22 часот во маркет на улица „Јане Сандански“ во Тетово, тој пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 100 евра, за чија исправност вработен се посомневал и пријавил во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот