Приведен тетовец откако физички ја нападнал сопругата

Фото: архива

Тетовец е приведен поради физички напад врз сопругата, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

„Во тетовско село, синоќа во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода В.К., на возраст од 35 години, постапувајќи по пријава, според која околу 19 часот во селото, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал неговата сопруга“, појаснуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од полицискиот билтен и информација за девојка од Кичево која во полициската станица Аеродром пријавила таксист за недолично однесување.

„Во 04:33 часот вчера, 19-годишна кичевчанка пријавила дека околу 04:20 часот, додека со такси возило се враќала кон нејзиниот дом на подрачјето на скопски Аеродром, возачот започнал да се однесува недолично и да ја допира по телото“, појаснуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот