Приведен српски државјанин, во неговото возило пронајдени седум мигранти од Сирија

Гужва на Табановце/Фото: Слободен печат

На наплатна станица Смоквица денеска лишен е од слобода М.С.(28) од Република Србија. При контрола на патничко возило „форд мондео“ со српска национална ознака, кое го управувал, пронајдени се  седум лица мигранти од Сирија.

Како што соопшти МВР,  М.С. е приведен во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител и по негово  комплетно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Лицето било лишено од слобода од патролен тим од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, при РЦ Југ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот