Приведен сопственик на угостителски објект од Гостивар, објектот работел по дозволеното време

Македонска полиција/ Фото: Миа

Вчера (16.11.2020) околу 22 часот и 50 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Р.Б.(46) од Гостивар, сопственик на угостителски објект лоциран во близина на автопатот Гостивар-Тетово, затоа што објектот работел по дозволеното време и во него се наоѓале 12 лица, односно гости.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, додека неговиот објект бил пломбиран од Државниот пазарен инспекторат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот