Приведен сопственик на чајџилница, работел по дозволеното време

Градски плоштад во Тетово/ Фото: МИА

Вчеравечер (24 јануари) околу 22 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 59-годишниот тетовец Ш.И., чиј угостителски објект (чајџилница) на улица „Ленин” во Тетово работел по дозволеното време и во него престојувале пет лица.Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело„непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот