Приведен скопјанец кој мастурбирал пред граѓани

Полицијата идентификува и лиши од слобода 26-годишен скопјанец што во неколку одвоени случаи и за релативно краток временски период, вршел  „задоволување на полови страсти“ пред граѓани, случајни минувачи во Скопје.

Од МВР информираат дека Секторот за внатрешни работи Скопје, Единица за насилен криминал до Основното јавно обвинителство Скопје ќе поднесе кривична пријава против Е. Ш. (26) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“ по член 190 од Кривичниот законик.

– По превземените оперативни мерки и активности полициски службеници од Единица за насилен криминал го лишија од слобода Е.Ш ., а во насока на утврдување на идентитетот на лице коешто во неколку одвоени случаи и за релативно краток временски период, вршело  задоволување на полови страсти пред граѓани, случајни минувачи и тоа на 20.01. и 03.02. годинава на бул.„Кочо Рацин  во Скопје и на 25- овој месец на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“  во Скопје. По неговото лоцирање и лишување од слобода, од страна на оштетените извршено е позитивно препознавање во присуство на Јавен обвинител, се вели во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот