Приведен секретарот на бугарскиот претседател Радев

Пламен Узунов, секретар за правни и антикорупциски прашања на бугарскиот претседател Румен Радев, денеска е приведен во рамките на истрагата за тргување со влијание.

Претходно, обвинители, претставници на Министерството за внатрешни работи, на Бирото за заштита на сведоци извршија претрес во канцелариите на претседателската администрација.

Претресот е одобрен и од Воениот суд во Софија, како и од Специјализираниот кривичен суд.

Бугарскиот државен обвинител Иван Гешев изјави дека бил извршен претрес и се одземени материјали од две канцеларии, кои ги користат советникот и секретарот на претседателот Радев.

Специјализираното обвинителство ги испитува како сведоци Пламент Узунов и бизнисменот Пламен Бобков, кои подолг прериод комуницирале на различни теме, меѓу кои и за предлозите за амбасадори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот