Приведен разбојник-ветеран од Скопје, 76-годишниот осуденик бегал за да не лежи три години во „Идризово“

Кејот на Вардар / Фото: А. Пауновска/ „Слободен печат“

Денеска нешто пред пладне, на кејот на Вардар, во населбата Момин Поток во Скопје, полицајци од тимот за потраги го уапсиле Т.С.(76) од Скопје, соопшти МВР.

Тој бил осуден на три години затвор за тешки кражби и разбојништва, велат од полицијата.

„Тој бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторени кривични дела по член 247 и член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот