Приведен разбојник од Штип, физички ја нападнал и жртвата

Денес во 12.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.З. (17) од Штип, затоа што околу 11.50 часот на ул. „Сутјеска” пред влезот на градскиот пазар во Штип, физички ја нападнал З.М. (65) од Штип и насилно и го одзел паричникот во кој имало пари и лични документи.

Полициски службеници го одзеле украдениот паричник и истиот со парите и лични документи го вратиле на оштетената З.М. Се работи на комплетирање на случајот, по што против М.З. ќе биде поднесена кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот