Приведен поранешниот проруски претседател на Молдавија

Игор Додон, Фото: EPA-EFE/DUMITRU DORU

Поранешниот молдавски претседател Игор Додон утрово е приведен од молдавските власти, изјави висок функционер на неговата Социјалистичка партија.

Додон, проруски политичар беше претседател од 2016 до 2020 година, бил приведен пред 72 часа, јавија локалните медиуми. Тој е осомничен за предавство и корупција, соопшти молдавското обвинителство.

Претресени се десетина локации поврзани со поранешниот претседател, вклучувајќи го и неговиот дом во Кишињев. Истрагата за можни прекршоци извршени од Додон се заснова на сомнежи за „предавство, пасивна корупција, финансирање на политичка партија од криминална организација и незаконско богатење”, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот