Приведен поранешниот претседател на Молдавија под сомнение за корупција и предавство

Игор Додон, поранешен претседател на Молдавија/Фото: EPA-EFE/DUMITRU DORU

Поранешниот молдавски претседател Игор Додон е приведен откако денеска беше претресена неговата резиденција под сомнение за корупција, соопшти портпаролката на молдавскиот јавен обвинител.

Таа изјави дека на Додон му е одреден притвор од 72 часа, пренесува ТАСС.

Претходно денеска, заменик-претседателот на Социјалистичката партија на Додон, Влад Батринчеа, изјави за Ројтерс дека молдавските истражители ја пребарале куќата на Додон, во негово присуство, како дел од истрагата за корупција и предавство, објави Ројтерс.

Батринчеа рече дека верува оти дејствијата на истражителите се политички мотивиран потег на владата лојална на прозападната претседателка Маја Санда, која го наследи Додон на чело на државата во 2020 година.

Додон беше претседател од 2016 до 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот