Приведен нарко дилер баран од германската полиција

Македонска полиција / Фото: МИА

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потрага постапија по меѓународна потерница од Интерпол Германија и вчера вo Тетово го лишија од слобода К.И. (30), кој се барал за сторени кривични дела поврзани со трговија на голема количина на кокаин и марихуана на територијата на Германија.
Како што соопштија од МВР, за ова дело според германскиот кривичен закон се предвидува максимална казна затвор од 15 години.
Лицето, според законската процедура, ќе биде испорачано на германската полиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот