Приведен маж од Тетово баран со потерница за издржување казна затвор

Тетовски полицајци вечерва успеале да најдат и да приведат 38-годишник од градот кој бил баран со судска потерница за да издржи казна затвор поради случај со противправно лишување од слобода и кражба. Тој треба да помине две години во затвор.

– Денеска во 18 часот полициски службеници од ПС-Тетово го приведоа М.Х. (38) од Тетово, кој со потерница се барал од Основен суд Тетово за издржување затворска казна во времетраење од две години, а во врска со член.141 став.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, информираат од СВР Тетово.

Приведениот е спроведен во Казнено поправната установа Затвор Идризово во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот