Приведен маж од Арачиново поради пронајден пиштол без дозвола

Огнено оружје. / Фото: МИА

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Ј.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ.

Имено, на 08.09.2020 околу 17.30 часот, од полициски службеници на клучка с.Арачиново кон населбата Ченто, извршен бил преглед на моторно возило “ауди А4“, сопственост и управувано од пријавениот. При прегледот на возилото под предното седиште пронајдени се еден пиштол „Tokarev TT-33“ калибар 7,62х25мм со рамка со 5 куршуми.

Пронајдените предмети со потврда се одземени од Н.Ј., а тој бил лишен од слобода во Полициската станица Гази Баба по што бил извршен разговор, а воедно бил известен и Јавен обвинител.

Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР-Скопје, извршени се проверки при што е констатирано дека пронајдениот пиштол не евидира во службените евиденции на регистрирани оружја, односно истиот бил без дозвола.

Видео на денот