Приведен маж кој на Фејсбук се заканувал дека ќе ја убие гувернерката Ангеловска Бежоска

Полицијата привела лице кое на Фејсбук ѝ се заканувало на гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, објави „А1он„.

Како што во текот на денот објавија во билтенот на МВР, на 17.08.2020 во 12 часот А.А.Б.(49) од Скопје пријавила дека на 16.08.2020, околу 18.50 часот, во електронското сандаче од нејзиниот профил на социјалната мрежа Фејсбук примила порака со заканувачка содржина од профил на лице кое не го познава лично и не е во нејзината група на пријатели.

Според „А1он“, во текот на денот Единицата за насилен криминал го пронашла заканувачот, кој се заканувал дека ќе ја убие гувернерката, а заканите биле поврзани со пропаѓањето на Еуростандард банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот