Приведен малолетник од Битола, осомничен за сторени повеќе кривични дела во Скопје

Синоќа во 22.00 часот на бул.„Кузман Јосифовски Питу” во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистчки работи Аеродром и Кисела Вода лишиле од слобода малолетник од Битола, поради сомнение дека е извршител на повеќе кривични дела.

Тој се сомничи дека на 20.06.2022 извршил „тешка кражба” во пекарница на ул.„Мајски цвет”, при што одзел пари, на 17.09.2022 извршил „кражба” во книжарница на бул.„Кузман Јосифовски Питу”, при што одзел паричник, на 20.09.2022 одзел електричен тротинет на ул.„Никола Малешевски” и на 22.09.2022 извршил две „кражби” во продажен објект на ул.„Варшавска”, при што одзел два паричника, додека од приватна медицинска установа одзел ранец со пари и лични документи.

Кај него бил пронајден тротинет, купен со пари кои потекнуваат од кривичните дела, картички од кражба во приватна лабораторија, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Со него бил затекнат и малолетникот А.О., кој претходно бил пријавен дека се оддалечил од домот, а кој потоа бил вратен на старателот.

За случајот бил известен Јавен обвинител, а малолетникот бил предаден на социјален работник од Центарот за социјални работи Битола. По целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот