Приведен ловџијата од Прилеп кој застрела колега од ловната група

Во Полициската станица Прилеп вчера во 11.06 часот било пријавено дека во атар на с.Витолиште, прилепско, Ѓ.К.(25) од Прилеп бил погоден од куршум од ловечка пушка од едно лице од ловната група.

Околу 14.55 часот од екипа на Итна медицинска помош било констатирано дека Ѓ.К. им подлегнал на повредите.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Во врска со настанот од слобода е лишен С.П.(50) од Прилеп, кој бил приведен во полициска станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Заскитан куршум со фатални последици: Прилепчанец загина при лов во Мариово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот