Приведен криумчар на мигранти кај Неготино, фатен со двајца Сиријци

Фото: МВР

Попладнево во 12.30 часот кај клучка Демир Капија од страна на патролна служба од Полициската станица за граничен надзор Михајлово на даден знак за запирање на патничко возило „алфа ромео”, со скопски регистарски таблички, возилото не сопрело туку продолжило да се движи во правец на Неготино.

По преземени активности во 12.50 часот кај клучка Неготино, од страна на друга патролна служба на Полициска станица Михајлово возилото е сопрено и во него се пронајдени 2 лица мигранти од Сирија.

А.Н. од Скопје, кој го управувал возилото, е лишен од слобода, за случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот