Приведен криминалец од Азербејџан, баран од Интерпол

Апсење
Полициско апсење / Фото ЕПА
Денеска (15.2.2021) во 11.50 часот во Скопје полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за меѓународни потраги го приведоа Б.А. (47) од Азербејџан, по распишана меѓународна потерница од Интерпол Баку, Азербејџан, кој се барал за издржување на казна затвор во времетраење од 12 години.
Секторот за меѓународна полициска соработка продолжува со активностите за приведување на бегалците од правдата на територијата на Република Северна Македонија, но и надвор од неа во соработка со Интерпол и полициите на другите држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот