Приведен криминалец од Штип баран со потерница

Апсење
Полициско апсење / Фото ЕПА

Полицијата денеска го лиши од слобода Х.Д.(26) од Штип, баран со потерница од КПУ Затворот Идризово за доиздржување на една година и два месеци од казната.

Денеска во 12:00 часот на булевар „Партизанска” во Штип, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Д.(26) од Штип. Приведеното лице е осудено на казна затвор од шест години и четири месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено на установата за доиздржување на казната, информира МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот