Приведен крадец од Скопје, расчистени три тешки кражби

Лисици
Апсење / Фото: МИА

Вчеравечер во 21.25 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Р. (41) од Скопје, поради тоа што извршил три тешки кражби во продажни објекти во трговски центар на подрачјето на Карпош.

Украдените предмети му биле одземени, а тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот