Приведен крадец од Штипско: За два месеца извршил 22 кражби од кои 11 сам

Приведено лице / Фото: EPA/ALEXANDER BECHER

По преземени мерки и дејствија и претходно добиени оперативни сознанија, полицијата во Штип на 18 јануари го лишила од слобода П.И. (25) од село Црвулево, општина Карбинци, осомничен дека е сторител на 22 кривични дела „тешка кражба” од куќи и работни машини во село Црвулево, општина Карбинци.

– Осомничениот П.И. во периодот од месец октомври во 2020 година до јануари во 2021 година на подрачјето на с. Црвулево, сам извршил 11 кривични дела „тешка кражба”, додека останатите 11 кривични дела ги изршил заедно со О.А. (27) од село Аргулица, насилно влегувајќи во куќи од каде одземале најразлични предмети, работни машини и алати, информираа денеска од МВР.

Дел од предметите биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. Од МВР посочуваат дека се работи на целосно комплетирање на кривично правните настани, по што против П.И. и О.А. до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот