Приведен крадец во Велес, украденото вратено на сопственикот

Полициски службеници од СВР Велес вчера го лишиле од слобода М.Д.(20) од Велес. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „тешка кражба”, односно дека во периодот од 23.09.2022 до 25.09.2022 со употреба на алат влегол во куќа на ул.„Стеван Богоев” во Велес, сопственост на Ш.Р.(82) од Петровец и одзел повеќе предмети.

Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот