Приведен крадец во Скопје: Украл пари и златен накит од куќа во Шуто Оризари, па потоа накитот го продал

Златен накит / Фото: Профимедиа

Вчера во 3.00 часот на ул. „Пелагонија“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ѓ.(20) од Скопје.

По преземени мерки и активности било констатирано дека А.Ѓ. извршил кражба во куќа на К.Р. во Шуто Оризари, при што одзел пари и златен накит, кој го продал на друго лице од Скопје, а парите ги потрошил. Украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.

Видео на денот