Приведен крадец во Чаир, расчистени две кривични дела

Македонска полиција / Фото: МИА

МВР соопшти дека вчера од страна на службеници од Единицата за интервентна полиција е лишен од слобода А.Ѓ.(21) од Скопје, за кого била распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Чаир.

Во полициска станица со него е извршен службен разговор во врска со извршени кривични дела на подрачјето на Шуто Оризари, при што тој појаснил дека сторил две кривични дела, и тоа „кражба” и „тешка кражба”. Имено, на 28.10.2021 А.Ѓ. извршил „кражба од куќа на подрачјето на Шуто Оризари, сопственост на Н.Ј., при што украл електричен тротинет, кој бил пронајден и вратен на сопственикот. Делото „тешка кражба” го извршил на 07.11.2021 од куќа сопственост на Ш.С., од каде украл повеќе разни предмети. Дел од нив, меѓу кои и агрегат за струја, биле пронајдени и вратени на оштетениот, стои во соопштението на МВР.

Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот за двете кривични дела, против А.Ѓ. ќе биде поднесена  соодветна кривична пријава, соопштија од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот