Приведен крадец од Скопје, го признал делото, а кај него бил пронајден и кокаин

Кокаин, илустрација / Фто: Архива на Слободен печат

Вчера од страна на полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево, по преземени мерки и активности е лишен од слобода С.Р.(26) од Скопје. За него бил распишан распис, поради сомнение дека на 24.05.2023 во Транспортен центар извршил кривично дело кражба, при што одзел предмети од Х.О. од Турција.

При извршен преглед кај С.Р. биле пронајдени 7 пакувања прашкаста материја, а при извршен службен разговор во полициска станица, С.Р. признал дека е сторител на кражбата, а одземените предмети се пронајдени кај него и ќе бидат вратени на сопственикот. По документирање на случајот против лицето ќе следува кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот