Приведен крадец од Кондово

Полиција / Фото: МВР

Полицијата вчера приведе 40-годишен жител на скопксото село Кондово, под сомнеж дека извршил две кражби во текот на минатиот месец.

– На 24.12.2021 во 16.45 часот во СВР Скопје е приведен А.С. (40) од село Кондово, Скопско поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „кражба” и „тешка кражба”, сторени на 19.11 и 20.11.2021 во два трговски објекти во Скопје, информира денеска МВР.

Во соопштението се додава дека по целосно документирање на случаите против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот