Приведен Индиец, се обидел да пренесе сограѓанин преку македонската граница

При контрола во возилото бил откриен Р.С. (22) од Индија, кој бил сокриен во багажникот.

Полицијата привела Индиец на граничниот премин „Богородица“, којшто се обидел да прокриумчари сограѓанин во багажник.

Како што информира МВР, денеска во 12 часот на граничен премин „Богородица“ од страна на полициски службеници бил лишен од слобода М.С.(22) од Индија, со италијанска лична карта, затоа што во возилото „фиат пунто“ што го управувал со италијански национални ознаки, се обидел да прокриумчари мигрант.

При контрола во возилото бил откриен Р.С. (22) од Индија, кој бил сокриен во багажникот.

За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот